Блаже Конески

Блаже Конески

На овој простор запознајте се со кратките биографии на великаните кои дале посебен придонес за афирмација на македонскиот јазик и оставиле трајни вредности во уметничката и научната литература.

Период на живеење: 1921, Небрегово, Прилеп – 1993, Скопје
Образование: студии по филологија во Белград и Софија
Значајни нешта од биографскиот тек: најпознат лингвист од XX век, еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, основач на студиите по македонистика, прв претседател на МАНУ, прв претседател на ДПМ, почесен член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго. Денес Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име.
Капитални дела: Граматика на македонскиот јазик (1952 и 1954), Правопис (1950), За македонскиот литературен јазик (1952), Речник на македонскиот јазик (3 тома, 1960 – 1965)
Најважни збирки поезија: Песни, Везилка, Стерна, Ракување, Беседи и огледи

lektor
https://lektor.mk/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *