На овој простор запознајте се со кратките биографии на великаните кои дале посебен придонес за афирмација на македонскиот јазик и оставиле трајни вредности во уметничката и научната литература.

Период на живеење: 1908, Велес – 1943, Лопушник
Образование: самоук интелектуалец
Значајни нешта од биографскиот тек: основоположник на македонската современа поезија, прогресивен мислител, борец за социјални права, член на СКОЈ, македонски делегат на конгрес на КПЈ во Дрезден, учесник во НОБ.
Најважни дела: Бели мугри (антологиска збирка од 12 песни), Антологија на болката (збирка песни напишани на српскохрватски јазик), Во каменоломот (расказ), Афион (недовршен роман), есеи за богомилското движење и за Хегеловата филозофија
Антологиски песни: Денови, Копачите, Тутуноберачите, Ленка, Татунчо, Елегии за тебе
One reply on “Кочо Рацин”