Овде спаѓаат текстови од типот на семинарски и магистерски трудови, докторати, научни есеи и истражувања, студии, статии, анкети, колумни и сл.
Лекторот е читателот пред сите други. Тој е последната станица на секој текст/книга пред да биде јавно објавен. Лекторот ги прави сите неопходни корекции за напишаното да биде беспрекорно од аспект на јасноста на изразот и почитување на граматичките и правописните правила. Лекторирањето е процес кој во денешно време станува особено неопходен. Технологијата и модернизацијата на општеството најчесто се причинители за оттргнато внимание од јазикот и недоволно владеење со правописот. Електронскиот пат по кој се создава текстот дава несакана слобода за изнудени и неизнудени грешки, како на технички, така и на граматичко-правописен план. Стилот на изразот е најчесто занемарен поради потребите од брзата комуникација. Од овие причини, лекторот не смее да се третира само како обичен читател. Тој пред сè има задолженија да ги поправа техничките грешки, да ја проценува и изменува синтаксичката уреденост и лексичка допадливост, да врши корекција на правописните форми и интерпункциските знаци итн. Лекторот има посебна важност во придонесот за одржување и развој на јазикот (во конкретниот случај – македонскиот јазик) во тековните фази. Нашиот стручен тим на веб-страницата ЛЕКТОР.МК врши професионална лектура на сите Ваши текстови (стручни и уметнички) преку посветеност и индивидуално објаснување на направените граматички, правописни и стилско-јазични корекции. На напишаното му даваме јасност и правилност, бидејќи напишаното е лицето на авторот коешто останува трајно. Побарајте ја нашата стручност и ангажирајте лектор!
Видови текстови кои подлежат на лектура
Овде спаѓаат текстови од типот на семинарски и магистерски трудови, докторати, научни есеи и истражувања, студии, статии, анкети, колумни и сл.
Под уметничка литература се подразбира секаков тип на лично креативно пишување како: романи, раскази, драми, песни, автобиографии, биографии, монографии, репортажи и сл.
Како други видови текстови се јавуваат весниците, списанијата и интернет-порталите. Тука ги среќаваме и покусите форми како огласи, реклами, натписи и сл.
Поважни институции/компании со кои соработуваме
Универзитет
Универзитет
Печатница
Вашите грешки се наша обврска
Нашиот тим
универз. професор
студент лингвист
проф. лектор
универз. професор
Задоволни клиенти
Лекторирани текстови
Клиенти - соработници
Лекторирани страници
Испиени кафиња
Јазично катче
На овој простор запознајте се со кратките биографии на великаните кои дале посебен
На овој простор запознајте се со кратките биографии на великаните кои дале посебен
На овој простор запознајте се со кратките биографии на великаните кои дале посебен