Добре дојдовте на lektor.mk

Што прави лекторот?

Лекторот е читателот пред сите други. Тој е последната станица на секој текст/книга пред да биде јавно објавен. Лекторот ги прави сите неопходни корекции за напишаното да биде беспрекорно од аспект на јасноста на изразот и почитување на граматичките и правописните правила. Лекторирањето е процес кој во денешно време станува особено неопходен. Технологијата и модернизацијата на општеството најчесто се причинители за оттргнато внимание од јазикот и недоволно владеење со правописот. Електронскиот пат по кој се создава текстот дава несакана слобода за изнудени и неизнудени грешки, како на технички, така и на граматичко-правописен план. Стилот на изразот е најчесто занемарен поради потребите од брзата комуникација. Од овие причини, лекторот не смее да се третира само како обичен читател. Тој пред сè има задолженија да ги поправа техничките грешки, да ја проценува и изменува синтаксичката уреденост и лексичка допадливост, да врши корекција на правописните форми и интерпункциските знаци итн. Лекторот има посебна важност во придонесот за одржување и развој на јазикот (во конкретниот случај – македонскиот јазик) во тековните фази. Нашиот стручен тим на веб-страницата ЛЕКТОР.МК врши професионална лектура на сите Ваши текстови (стручни и уметнички) преку посветеност и индивидуално објаснување на направените граматички, правописни и стилско-јазични корекции. На напишаното му даваме јасност и правилност, бидејќи напишаното е лицето на авторот коешто останува трајно. Побарајте ја нашата стручност и ангажирајте лектор!

Дејности на лекторот

Видови текстови кои подлежат на лектура

Научни трудови

Овде спаѓаат текстови од типот на семинарски и магистерски трудови, докторати, научни есеи и истражувања, студии, статии, анкети, колумни и сл.

Прочитај повеќе...

Уметничка литература

Под уметничка литература се подразбира секаков тип на лично креативно пишување како: романи, раскази, драми, песни, автобиографии, биографии, монографии, репортажи и сл.

Прочитај повеќе...

наши клиенти

Поважни институции/компании со кои соработуваме

Зад секој успешен текст стои lektor.mk

Вашите грешки се наша обврска

Нашиот тим

Јазични експерти

Задоволни клиенти

Изјави

1580

Лекторирани текстови

412

Клиенти - соработници

18000

Лекторирани страници

365

Испиени кафиња

Јазично катче

Последен блог

септември - 18

Блаже Конески

На овој простор запознајте се со кратките биографии на великаните кои дале посебен

READ MORE

август - 6

Кочо Рацин

На овој простор запознајте се со кратките биографии на великаните кои дале посебен

READ MORE

Наши

Спонзори